Отворен Балкан, шанса за обединување или реторика за политичка добивка?

*The article was made in collaboration between Zoomer and Community Reporters Albania. The article is available on Macedonian, BHS, Albanian and English language.

Албаниа и Србија, тежок историски багаж. Распадот на Југославија, конфликтот на Косово и еднострана проглашена независноста на Косово која следеше создадоа силни флуктуации во тензии помеѓу двата наради кои тврдат дека се срце на најголеми Балкански етнички групи.

Знаци на нормализација се забележени и меѓу Србија и Косово. Сигналите се најмногу резултат на дијалогот промовиран од страна на Европската унија. Тврдењето е дека нормализација на односите меѓу двете земји ќе оди подалеку од симболично ракување, но до спроведувањето на билатералните договори.

Политичките односи и социјална размена меѓу косовските Албанци и Србите се уште се под тежината на тензиите од 90-тите, но меѓу остатокот на Албанци во Албанија и Србите, односите се читан дека се малку потопли.

Тирана и Белград се двата иницијативни центри на иницијатива “Отворен Балкан. Преку оваа нова иницијатива која има за цел да ги вклучи земјите од Западен Балкан има за цел да го подобри слободното движењена роба и граѓани и да ги сруши бариерите во комуникација помеѓу двата народи.

Само Србија, Албанија и Северна Македонија се досега дел од ова иницијатива, со Косово, Босна и Херзеговина и Црна гора који одбиват да се приклучат.

Фото: Председништво Србије / Димитрије Голл

Што е иницијатива “Отворен Балкан”, која корист имаат земјите членки?

На 10-ти октомври 2019 година, Еди Рама, Александар Вучиќ и Зоран Заев се сретнаа за прв пат во Нови Сад, Србија, да ја оживеат иницијатива која првин се викаше “Балкански минишенген”. Само Албанија, Србока и Северна Македонија се согласиа да се приклучат, оставајќи ги другите земји како Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

“Отворен Балкан” е иницијатива за соработка помеѓу овие земји во регионот, Албанија, Северна Македонија и Србија, која има за цел да ги спроведе што поскоро во регионот на Западен Балкан, четири слободи на Европска Унија: движењето на луѓе, роба, услуги и капитал. Крајната цел на иницијативата е да им овозможи на земји во регионот да ги отворат граници за да го олесни животот на граѓаните и бизнис заедница. Во рамките на регионална соработка и во согласност со заедничкиот регионален трговински план на Берлинскиот процес, на иницијатива не се спротивиа САД и ЕУ.

За остваруванје на поставените цели, “Отворен Балкан” ја разви сопствена работа преку сесии каде се потпишани договори меѓу трите земји членки.

На првиот состанок беше договорено да граѓани патуват со важечка лична карта до 2021 година. Да можат да работат секаде во регионот и да нивни дипломи бидат признати низ целиот регион. Исто така е договорено да се зголеми соработка против организираниот криминал и земји да си помагат меѓусобно во одговор на природни катастрофи.

На 10-ти новембри 2019 година, фокусот на средбата беше олеснување на движење на роба и граѓани. Пандемија ги прекина состаноците во тек на 2020 година. Страните не можеа да се состанат физички, па избраа да состаноците бидат онлине. На првата физичка средба по ублажување на мерките он Ковиц-19, во јули 2019 година во Скопје, ново име на иницијативата беше презентирано. Од “Балкански минишенген” трочлена инициатива би се викала “Отворен Балкан”.

На овој состанок, тројица лидери потпиша неколку договори који во текот на 2023 година обезбедува движење на граѓани и роба слободно и без препреки помеѓу Албанија, Србија и Северна Македонија. Другиот договор заснован на зелената агенда се однесува на заштита и спасување од природни катастрофи на Западниот Балкан. На ова средба беше договорено слободно движење во тржишна размена меѓу земји треба да произведе радни дозволи за граѓани који сакаат да работат во овие земји.  Во деќември 2021 година, Албанија беше домаќин на земји од Западен Балкан, но земји вклучени во иницијатива останаа исти 3, бидејќи да Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора сеуште одбиват да се приклучан на иницијатива.

Земји од иницијатива Отворен Балкан потпиша вкупно 9 договори поврзани со мобилизација на трите земји во однос на справување со природни катастрофи, да се олесни увозот и извозот на роба, едноставен пристап на трговинска размена и добивање дозволи за пребивалиште, за електронска идентификација на граѓани од Западен Балкан, за соработка во област на ветерина, безбедноста на храна и исхрана на животни и фитосанитарноста во Западен Балкан, соработна во областа на акредитација на Западниот Балкан.

Во тек на состанок, Вучиќ изјави дека вклучени земји ке ги спочитуват договорите, спасувачки единици и цивилните вонредни состојби ќе соработуваат за да се избегнат трагедии који ќе ја погодат Албанија, Северна Македонија и Србија. Сепак, критична состојба со пожарите со кои се соочи Албанија во лето 2021 година покажа дека договорите не се функционални и дека во помош на Албански противпожарникари дошле колеги од Косово.

Отворен Балкан – многу неодговорени прашања

Во Србија е во тек изборната кампања, а за 3 април се распишани локални, парламентарни и претседателски избори. Иницијативата Отворен Балкан често е присутна во медиумскиот дискурс, но се уште нема конкретни одговори на многу прашања.

Според договорот за поврзување на електронски шеми за идентификација на Западен Балкан, идентификациониот број на отворен Балкан е единствениот број што граѓаните на сите три земји можат да го добијат на порталите за е-влада или на порталите за електронска идентификација. Предуслов за тоа е граѓанинот да има електронски идентитет издаден во рамките на “регистрираната шема за електронска идентификација во неговата земја“. Ова прашање претставува, како што се наведува, “дополнување на веќе постоечкиот електронски идентитет на граѓанин, што му дава можност да ги оствари своите права во рамките на иницијативата отворен Балкан“. На почетокот на март, градоначалникот на Белград, проф. др. Зоран Радојчиќ во Тирана се сретна со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, по што, според регионалните медиуми, изјавил дека издавањето на овие документи ќе започне во април 2022 година.         

Сепак, електронската идентификација е предуслов за да се обезбеди еднаков пристап на тржишна работа. Според изјава на министерот за финансии на Владата на Република Србија, Синиша Мали, од 1 јануари 2022 година ќе се примаат единични работни дозволи за сите три земји. Очигледно, тоа нема да биде можно без електронска идентификација.

Според анализата на договорот за услови за слободен пристап до тржишна работа, граѓани на Србија, Албанија и Северна Македонија “имаат право на слободно движење, боравак и работа“ на териториа од овие три земји и еднаков пристап до работната сила. пазар. За остварување на правото на слободен пристап на пазарот на трудот, државјанин на друга држава треба да ги регистрира своите податоци согласно прописите, најдоцна 90 дена од влезот во државата. По добивањето на Отворениот балкански матичен број и електронски известен дека постапката за регистрација е завршена, се стекнува со право на слободен пристап до пазарот на трудот, како и можност да престојува во друга земја две години, со можност за регистрација. Според договорот, трите земји членки на “Oтворениот Балкан“ ќе ги признаат регистрираните шеми за електронска идентификација и ќе ја поврзат нивната национална е-влада.

Согласно на овој договор, договорено е да се формира заедничка комисија со задача да ги организира, координира и контролира активностите поврзани со спроведувањето на договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, која има обврска да формира во рок од 30 дена од денот од влегување во сила на договорот.

Освен информациите од текстот на договорот, во јавноста не се познати деталите од реализацијата на иницијативата. Останува нејасно кој е надлежен за спроведување на иницијативата и дали е одреден буџет за нејзино спроведување, како и дали комисијата предвидена во договорот е формирана и кој ја прави и дали е-владите на трите држави членки се поврзани и кога ќе почнат да издаваат идентификациски броеви и единични работни дозволи. Темата на иницијативата отворен Балкан не беше предмет на анализа на економските новинари во Србија, а професорите на Економскиот факултет во Белград со кои контактиравме немаат доволно информации. Сите не испратија на една адреса – државни институции.

Имајќи предвид дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, беше директно вклучен во сите процеси поврзани со иницијативата и дека нема официјална информација која институција ќе биде задолжена за спроведување на проектот, се обидовме да одговориме на горе наведените прашања, но и дополнителни појаснувања како да се поедностават процедурите за добивање работни дозволи и какви бенефиции ќе имаат младите во овие три земји, добиваме од советничката на претседателот Сузана Васиљевиќ. До завршувањето на овој текст, немаше никаков одговор.

Фото: Председништво Србије / Димитрије Голл

Перцемции и мислења што ги имат Албанците за Србите

Нема многу сознанија за перцепции која што ги имат двата народа на двете земји. Но, студији спроведени од страна на Албанскиот институт за меѓународни студии покажуват став на 1.200 Албанци на национален ниво, 46 проценти сметат дека односите меѓу двата народа се нормални, 36 проценти сметат дека односите се лоши или многу лоши односи меѓу Албанија и Србија. Само 16 проценти од испитаниците спротивно мислат дека односите се добри или многу добри.

Според студијата, многу Албанци очекуваат подобрување на односи со Србија во иднина, додека третина од нив смета дека нема да има промени. 50 проценти од Албанците веруват дека државите се спремни да градат пријателски односи, додека 30 проценти не се сложуват со ова мислење. Само 5 проценти од Албански граѓани ја сметат Србија како закана за Албаниа. Повеќе од 60 одсто од граѓани сметат дека ниту една земја не представува закана за Албанија.

Alba Çela, експерти на ова студија, наглашува дека мерењето на пулсот на јавното мислење и општи ниво на подршка за подобрување (или недостатокот на подобрување) на односите, ќе им помогне на доносувачи на одлуки и на креаторите на политиките во изготвувањето на политиките. Ефективни надворешни, пројекти и договори во област на економија и економска и културна соработка. Друга цел е резултатите да се користат како референтна алатка од други субјекти како граѓанско општенство и културни актери за да се најдат нови начини на кои може да се прошират можностите за интеракција.

Çela покажува дека истата студија е спроведена и во Србија и се забележува дека соодветните граѓани сакаат поголема културна соработка меѓу двете земји.

Кај младите, граѓани који сакаат културна соработка, делува дека постоји некаква желба да има повеќе топлина меѓу двете земји, така да постоји понормален однос. За мене ова остана главен впечаток од таа анкета. Секако, многу работи се сменија и на овој однос влијат и настаните који се случуват и во регионот, не само на однесување на двете земји една наспрам друга, па време е да се повтори и да имат и други прашања који би се однесувале на тренутна иницијатива. Мислам дека во двете земји има доволно групи на граѓани који би сакале да го оставан миното зад себе или конфликтот и да имаат подобри односи”, експертот за акцији CRA.

За да биде кохерентна со мислење што главно го имаат млади луѓе за односот меѓу двете земји и перцепциите што ги имат код Србите, CRA спроведе онлине анкета во која учествуваа 127 млади од 18 до 31 година.

Резултатите од анкета покажуваат дека 53.5 проценти од млади Албанци сметат дека односот меѓу двата народа е напнат, 34.6 проценти сметат дека постои чуство на омраза и само 11.8 проценти од млади мислат дека имаат добри односи.

Доминација на резултатот за постоење на тензични односи помеѓу двата народа и чуство на омраза еден кон друг е предизвикано од недостаток на културна комуникација меѓу овие две земји и митизирање или неразбирање на историските фактори кои медиумите често ги користат за публика.

Kiara Manja е студент на новинарство која моментално има многу Српски пријатели и има многу добри социјални односи, но во нејзина прва посета во Србија, она наиде на непријатна ситуација со еден Српски студент кои имаше иста идеја, да напише статија. Ова беше доволно да предизвика тензии во врска, се додека не комуницираа и не ја разјаснат својата идеја.

Таа е веќе моја блиска пријателка, па мораме меѓусобно да комуницираме без предрасуди што спречува да се разбереме. Со комуницирање и со запознавање, разбираме дека тоа се залудни предрасуди и не треба ниту во еден момент, бидејки бар ние млади луѓе сме способни да направиме разлика”, она го сподели своето искуство на основа на предрасуди, без да одлучи никогаш не контактирајте со Српските граѓани.  

Дур и употреба на национални симболи и влијание на медиумите за прашања која припаѓат на двете земји има големо влијание на перцепција кон граѓани.

Имаше случај кога сакавме да се сликаме во Белград и таму беа некои од Албаниа, од Босна и Србија и ја сакав да направам застава. Дечко од Босна ме фати за раце и ми кажа да не го правам тоа. Тој го зеде тоа веома сериосно, мислејќи дека тоа може да биде провокација”, кажува Entenela Ndërvata, млада новинарка дур нејзина епизода во Србија.

Од другата страна, иако податоците од онлајн анкетата покажуваат дека само 11.8 проценти од младите сметаат дека постојат добри односи меѓу Албанците и Србите, постојат мислења кои не го подржуваат овој резултат.

Павло Јакова, член на Српското национално малцинство во Комитетот на националните малцинства, истакнува дека припадниците на Српското малцинство, географски дисперзирани во Фиер и Скадар, имаат многу добри односи со Албанците, и од православна и од муслиманска вероисповед. Иако се албански државјани, но во исто време и припадници на Српското малцинство кај нас, овој факт влие на албанските граѓани да комуницираат меѓу себе. Како што покажува претседателот на здружението „Морац Морава“ кое ги штити правата на српско-црногорското малцинство дека има млади луѓе кои им помагаат да го научат српскиот јазик, а оние што припаѓаат на српското малцинство ги продолжуваат високите студии во Србија подржани со стипендии.

Тука учиме 2 години, но поради пандемијата го прекинавме курсот за српски јазик и го реализиравме преку Србија и Црногорската митрополија. Тие финансиски ни помогна и децата добија важни елементи од Српски јазик во Скадар. Исто така, кога имавме можност, испративме 30 студенти во Белград со стипендии каде што дел од нив успеаја да ги добијат дипломите каде што одеа на медицина, инжењерство, архитектура и слично“, рече Павло Јакова, член на Српското национално малцинство во Албанија.

Други податоци од онлајн истражувањето спроведено од CRA покажуваат дека 30 отсто од младите одговориле дека имаат Српски пријатели наспроти 70 отсто кои немаат контакт со српската младина.

Иако 30 отсто имаат контакти меѓу нив, овој факт покажува дека комуникацијата меѓу младите, зголемена соработка меѓу нив благодарение на активноста на граѓанските организации може да влие на подобрување на односите и промена на негативните перцепции за секоја страна.

Исто така, податоците за прашањето дали сакаат да ја знаат Српската култура и јазик покажуваат дека околу 60 отсто од младите одговориле дека немаат интерес, додека околу 40 отсто би сакале да дознаат повеќе за нив. Интересно е што српската држава има училишта кои користат албански јазик и во кои посетуваат Албанци и Срби, додека кај нас такво нешто нема. Само овој факт е доволен за да се преиспита негативната перцепција што постои за Српската држава и за самите Срби. Интересот за изучување на српскиот јазик и култура за Албанците е на индивидуално ниво или е главно поврзан со работа со млади луѓе или во граѓански организации. Посебен е случајот со новинарот Бледар Кука, кој сам го научи Српскиот јазик преку телевизиски пренос на каналот на поранешна Југославија, кој беше привлечен за тогашните млади луѓе.

Таквите земји кои се етноцентрични, кои немаат комуникација од историски причини, со други, со соседите како што е Албанија долго време, создаваат еден вид на национализам и еден вид на различност и негативна перцепција за соседите“, смета Кука кој претпочитува да не влие врз себе од националистичките сфаќања и да го подобри српскиот јазик со текот на времето.

ПЕРЦЕПЦИЈА НА СРБИТЕ КОН АЛБАНЦИТЕ

Најавената иницијатива отворен Балкан секако ги зголемува можностите за младите од трите земји, но дали е тоа нешто што младите го посакуваат? Според достапните податоци, социјалната дистанца меѓу Србите и Албанците се уште е голема.

Резултатите од Анкетата за општествените односи меѓу етничките заедници во Србија, спроведена од Центарот за истражување на етничката припадност во 2020 година, покажуваат дека најголем степен на етничка дистанца постои меѓу припадниците на ромските и албанските национални малцинства.

Според ова истражување, речиси една петина од испитаниците Срби не би прифатиле да живеат во соседство со припадник на албанското малцинство (19.6 проценти), а 17.2 проценти се против да живеат во заедничка земја. Кога станува збор за брачните односи, дури 36.8% не би прифатиле за брак лице од албанска националност, а една третина од испитаниците се против брачните односи на нивните најблиски роднини со припадници од албанска националност. Сличен став покажува и албанското национално малцинство во Србија – 28 проценти не би живееле во соседство со Срби, а 40.8 проценти се против брак со личност од српска националност.

Овие податоци се слични на податоците од истражувањето спроведено од Канцеларијата на комесарот за заштита на еднаквоста во 2016 година, како и во 2013 година, што исто така покажува дека најголема социјална дистанца во Србија е кон лицата од албанска националност и ромите. Што покажува дека ова е континуиран, системски проблем. Според оваа анкета, 45% од граѓаните во 2016 година изјавиле дека не сакаат Албанец за член на семејството, додека 57% од испитаниците имале таков став три години претходно.

Гледајќи ги овие податоци, треба да се запрашаме – ако не сакаме Албанците за соседи во нашата земја, дали сме подготвени да одиме да живееме и работиме во Албанија?

За да успее иницијативата отворен Балкан и да биде повеќе од техничко решение и мртва буква на хартија, потребно е да се работи на информирање и едукација на оваа тема. Во моментов, иницијативата се презентира пред јавноста пред се преку олеснување на бизнисот.

Она што ме загрижува кога станува збор за отворен Балкан е што се претставува како олеснување за водење бизнис и за економските придобивки кои се ставени во преден план и што се промовира само преку тоа што границите се отворени – што вредат отворените граници, ако никој не сака да ги премине?“, изјави за Зумер Софија Тодоровиќ, програмски директор на Младинската иницијатива за човекови права во Србија.

Младите имаат желба и интерес да патуваат, да запознаат различни луѓе и култури, а тоа Иницијативата постојано го докажува со својата работа. Она што е важно е да не бегаме од различностите, бидејќи за да знаеме што не обединува, мора да зборуваме и за она што не разделува.

Флоскула вели – да разговараме за се што ни е заедничко и што не обединува! Но, кога има многу што всушност не дели, без разлика дали тоа е засновано на митови и национализам или нешто друго – тие прашања мора да се отворат. Тие се тешки и непријатни и тие разговори можат да траат многу долго, но тој страв мора да се отстрани затоа што младите се уште се плашат од посета на регионалните земји и за сето тоа мора да разговараме“, заклучи Тодоровиќ.

Сите работи што не разделуваат до одреден степен се причина за страв и бариери кои не се надминуваат лесно, а се честа причина за недоразбирање, па дури и за дискриминација. Младите со кои разговаравме, кои заминаа во Албанија на програми за размена, истакнуваат дека за прв пат навистина почувствувале страв, но наишле и на неразбирање на околината.

Првиот пат кога отидов во 2017 година, искрено, беше страв. Возевме низ Косово. Се борев со предрасудите во себе, со зборовите на луѓето кои ми велеа “каде одиш таму“ и “немаш ли каде друго да одиш“ и слични работи“, истакнува Јелена Митровиќ за Zoomer, која вели дека таа е привлечен од она што другите го табуираат. “Ме привлекува непознатото. Си реков – кога можеш да одиш на размена на 100 километри од границата со Сирија, на 18 години, можеш и во Албанија“, додаде Јелена. По тоа патување таа ја посети Албанија безброј пати. “Јас сум еден од оние луѓе кои се, така да се рече, вљубени во Албанија. Нејзините планини, море, Тирана, Саранда, Ксамил, Елбасан. „Луѓето, народот, се доста слични со нас, гостопримливи, работат да помогнат во секоја ситуација, иако обично има јазична бариера“, посочува тој.

Ме привлекува непознатото. Си реков – кога можеш да одиш на размена на 100 километри од границата со Сирија, на 18 години, можеш и во Албанија

Јелена Митровиќ

Нејзиното искуство го споделува Владимир Тасиќ, кој беше на младинската конференција во Тирана. На околината не и беше јасно зошто оди таму, патот беше долг, но го изненади гостопримството на жителите на Тирана.

Најголемиот проблем е јазичната бариера. Еден ден го пропуштивме патот и моравме да ги прашаме граѓаните за насока. Речиси никој не знаеше англиски, главно постарите зборуваа германски, што ние не го знаевме. На крајот не слушна еден човек од Србија кој помина и ни го покажа патот“, се сеќава Владимир на своето искуство од Албанија, од каде што се врати со неизбежниот “Скендербег“ за пријатели.

Катарина Сремчевиќ е новинарка и редовно оди на бизнис во Албанија, а секој пат се враќа со позитивни впечатоци. Меѓутоа, нејзиното прво заминување го одбележаа и предрасудите.

Морам да признаам дека првпат заминав со мала доза на предрасуди, не кон луѓето туку за тоа како ќе бидам прифатен како Србин. Меѓутоа, луѓето се убави, гостопримливи, кога ќе им кажев дека сум од Србија, тие секогаш кажуваа зборови на српски што ги знаат“, се присетува Катарина и додава дека луѓето би биле изненадени од Албанија бидејќи не е како што би очекувале.

Во Тирана се гледа многу италијанско и медитеранско влијание, шарено е и мислам дека никој од Србија не очекува таков град додека не оди таму. Луѓето се гостопримливи, внимателни, весели. Сите, особено мојата генерација и помладите кои не се ни сеќаваат на војните и кавгите во регионот, не треба да си ги одрекуваат прекрасните искуства поради предрасуди. Иако се сметам себеси за многу поотворен за сите народи, религии, групи, и јас за прв пат заминав со мала предрасуда. Треба да излеземе од зоната на удобност и да истражиме дали навистина е така како што размислуваме и како не учат“, додава Катарина и истакнува дека е оптимист за оваа иницијатива.

Како новинар бев многу вклучен во иницијативата отворен Балкан. Иако во регионот има поделени мислења, мислам дека секоја иницијатива што подразбира помирување и спојување е добра. Во рамките на таа иницијатива веќе се преземени неколку конкретни чекори, како што е укинувањето на роамингот во регионот и зелените коридори, благодарение на што камионите помалку чекаат на границите. Тоа ми дава надеж дека политичарите од земјите членки се уште се подготвени за момент да ги стават заедничките интереси над дневната политика“, заклучува тој.

Клучната работа во разбивањето на предрасудите е информацијата. Се чини дека токму тоа ни недостига на оваа иницијатива, барем досега. Впечатокот што го добивме во разговорот е дека не се доволно информирани што значи иницијативата отворен Балкан. Може да се заклучи дека иницијативата не допира до младите, па дури и до младите кои се директно засегнати, како што се студентите по албански јазик во Белград.

Зумер разговараше со студентите и ова се нивните впечатоци.

Ублажување на односите преку спроведување на договори

Иницијативата Отворен Балкан е прашање кое често се споменува во медиумите и се одржува на состаноци на високо ниво помеѓу трите лидери на земји членки. Се очекува да се потпишаните договори претворат во конкретни активности за подобрување за животот на граѓаните на Западен Балкан.

Тоа е клучен момент од нашиот процес бидејќи договорите што ќе бидат потпишани ќе одредат многу важен чекор напред кон нашата цел која е да гарантираме целосна слобода на движење на роба и луѓе, капитал и услуги. На крајот на февруари, ние ќе склучиме договор меѓу универзитетите за соработка со заеднички програми и активности. Сето тоа се договори кои не се ниту повеќе ниту помалку од оние на заедничкиот европски заеднички пазар“, изјавил албанскиот премиер Еди Рама на средбата на 21 декември 2021 година.

На истиот датум, српскиот претседател Александар Вучиќ ќе го опише Отворен Балкан на следниов начин: “Ако ги отвориме границите, најважната цел е да ги поврземе нашите граѓани, нашите луѓе, оние кои повеќе размислувале за минатото отколку за иднината. Размена ке биде полесна”.

Павло Јакова, припадник на Српското малцинство, смета дека оваа иницијатива има позитивно влијание за унапредување на регионалната, културна и историската соработка, од економски аспект, за развој на дипломатските односи и признавањето на дипломите во балканските земји.

За мене „Отворен Балкан“ е целосно отворен систем, систем кој отвора можност за сите да соработуваат. Во смисла, за олеснување на економските, дипломатските односи на движењата, признавањето на дипломите и признавањето на историјата, бидејќи историјата има крајни проблеми“, објаснува Јакова за иницијативата.

Никола Ристиќ, портпарол на RYCO (Регионална канцеларија за младинска соработка) во Албанија, ја смета иницијативата Отворен Балкан за добра можност за културна размена во регионот, препознавање на заедничките предизвици, меѓусебно запознавање и подобрување на односите меѓу граѓаните и зголемување на мобилноста благодарение на капацитетите што ќе им бидат овозможени на земјите од Западен Балкан.

Сите иницијативи насочени кон зголемување на мобилноста во регионот се одлични алатки за разбивање на предрасудите. Отворен Балкан им олеснува на луѓето да патуваат без пречки. Да се ​​истражуваат едни со други, да учат еден од друг и верувам дека тоа е добра иницијатива не само за младите, но и за сите луѓе кои живеат во регионот и мислам дека без овие иницијативи не можеме да сметаме просперитет во регионот, па за да излеземе од ова, да речеме “не толку добро“, треба да донесеме луѓе заедно, треба да работиме заедно за да разговараме за предизвиците „Заедно, а исто така да разговараме за иднината заедно, така што се што ги зближува овие луѓе од регионот е одлична можност да се урнат предрасудите и стереотипите“, рече Никола Ристиќ.

RYCO е организација која има за цел соработка меѓу младите луѓе кои живеат во земјите од Западен Балкан, која помага да се потикне соработката меѓу младите луѓе со внесување на нов дух во регионот кој ги надминува стереотипите создадени без меѓусебно да се познаваат. Оваа организација обезбедува услуги и можности што младите и граѓаните на Албанија и Србија треба да ги направат за да ги променат негативните перцепции. Пристапот на оваа организација кон земјите од регионот кои се соочуваат со пречки во добрососедството и интеракцијата меѓу граѓаните, може да се смета за добар пример за замислување на иднината меѓу двете земји, Албанија и Србија со капацитетите што се очекува да се случат во рамките на регион.

Оваа организација е добар знак и пример за основите на кои треба да се заснива иднината меѓу две земји и меѓу два народа.

Authors (Serbia): Nemanja Marinović, Nikolina Bonić, Marina Milosavljević, Borivoje Lazić; audio/video production Luka Palić
Authors (Albania): Brejdon Xhavara, Jeta Pera, Ardit Hoxha; Audio/video production Klajdi Jella

Zoomer
Zoomerhttp://www.zoomer.rs
ZOOMER. Priča nove generacije.

Komentari

Leave a reply

Molimo Vas, unesite komentar
Please enter your name here

Preporučujemo

Instagram

Jachim zoomira nedelju

Preporučujemo

Najnovije

GLEDAJ

Još